Струмица Жени со убедлива победа над Бами Кор

Одбојкарките на Струмица Жени запишаа убедлива победа на гостување во Тетово, каде со 0:3 во сетови беа далеку подобри до домаќинот Бами Кор, во меч од 7. коло од Првата женска одбојкарска лига.

Првиот сет гостите од Струмица го добија со 15:25, додека во вториот сет доминацијата на струмичанки беше поголема каде резултат беше 12:25. Во третиот сет, одбојкарките на Бами Кор пружија поголем отпор, но Струмица Жени со 21:25 го освои и третиот сет.

ОК Струмица Жени, екипа 3. коло ПЖОЛ

Во однос на табелата, Струмица Жени со 13 освоени бодови е на третото место на табелата, додека Бами Кор останува „забетониран“ на последното место без освоени бодови.

Comments are closed.