Спартмани го сруши Малеш во Градско Балдовци

Спартмани ја продолжува одличната форма во Третата лига – Исток, откако денес во Градско Балдовци со 2:1 го сруши Малеш од Берово и го спушти од лидерското место на табелата, во меч од 8. коло. Екипата на Спартмани одигра фантастичен натпревар и со новите три бодови изби на четвртото место на табелата со вкупно 16 освоени бодови. Беровчани сега се втори на табелата со 18 бодови, а нов лидер во Третата лига – Исток е Брегалница од Делчево со 19 бодови.

Спартмани - екипа 8. коло ТМФЛ - Исток

Борбата за првото место ќе биде голема, а најголеми фаворити за врвот и Втора лига се екипите на Брегалница од Делчево, Малеш од Берово и Детонит од Радовиш.

Во следното коло Спартмани ќе гостува во Карбинци, каде ќе се соочи со истоимената екипа, додека Малеш на домашен терен ќе има лесна задача со „фенерџијата“ Василево.

Comments are closed.