Македонија Макс со убедлив пораз од Универзитет во Тетово

Екипата на Македонија Макс претрпе тежок пораз на гостување во Тетово, каде со 3:0 во сетови загуби од домаќинот Универзитет во Тетово, во меч од 7. коло од Првата одбојкарска женска лига. Првиот сет домаќините го добија со убедливи 25:12, додека вториот сет струмичките одбојкарки го загубија со 25:19, додека третиот сет заврши со 25:20.

Македонија Макс - Наковски Волеј, 1. коло ПОЖЛ

Во однос на табелата, Универзитет во Тетово е на третото место на табелата со 11 освоени бодови, додека Македонија Макс е на дното од табелата со само еден освоен бод.

Comments are closed.