Беласица одигра одлично, но немаше сили за победа над Работнички

Фудбалерите на Беласица одиграа одличен натпревар и на домашен терен ремизираа играјќи 2:2 со Работнички во меч од 13. коло од Првата македонска фудбалска лига. На „Благој Истатов“ први до водство дојдоа домаќините преку Размоски во 13. минута од натпреварот. Радоста на Беласица не траеше долго и веќе во 26. минута Работнички израмни на 1:1 од пенал, а сигурен реализатор беше Ѓурѓевиќ. Десет минута подоцна Шаркоски постигна гол и Работнички поведе со 1:2.

Беласица - Работнички, 13. коло ПМФЛ

Во вториот дел од натпреварот Беласица од пенал израмни на 2:2, а погодокот од белата точка го постигна Каланоски. До крајот на натпреварот мрежите мируваа и на двете страни.

Беласица останува и понатаму на дното од табелата со 9 бодови, додека Работнички со 14 бодови е на осмото место на табелата. Во следното коло Беласица ќе има тешко гостување кај Шкупи, додека Работнички на домашен терен ќе игра против разнишаниот Пелистер.

Comments are closed.