Ракометарите на струмички Астраион запишаа нов пораз, откако на денешното тешко гостување кај екипата на Струга загубија со 32:27. Домаќините важеа за фаворити на овој натпревар и таа улога ја оправдаа. Од самиот почеток на натпреварот Струга имаше предност која се зголемуваше во текот на првиот дел за 18:13 на полувреме.
Со одличната игра Струга продолжи и во вториот дел од натпреварот и предноста ја одржуваше во текот на целиот натпревар за конечни 32:27. Николиќ Богдан беше најдобар стрелец кај Струга со 7 погодоци, еден помалку постигна Рајатовски Пеце, додека кај Астраион очекувано најдобар беше Караиванов Митко со 7 гола, еден помалку имаше Касапов Ѓорѓи.
Во следното коло Астраион во Струмица ја чека екипата на Јуниор Кисела Вода, каде има можност да врати за поразот во Скопје и да ја запише втората сезонска победа, додека Струга игра дерби со Голден Арт КЛ7 во Скопје, меч кој е важен за двете екипи за обезбедување на „виза“ за плеј-офот.
Comments are closed.