Екипата на Академија Пандев загуби на денешното тешко гостување кај Вардар со резултат од 2:0, во меч од 14. коло од Првата македонска фудбалска лига. Во првиот дел од натпреварот мрежите мируваа на двете страни. Во вториот дел домаќите презедоа иницијатива и во 53. минута преку Цветаноски погодија за 1:0. „Пандевци“ во 74. минута од натпреварот останаа без играч помалку, откако Димоски го заработи вториот жолт картон. Ваквата ситуација Вардар ја искористи и притисна повеќе и во 84. минута Петковски постигна гол за 2:0, со што домаќините ја обезбедија петтата сезонска победа.
Академија Пандев останува на десетото место на табелата со 10 бодови, додека Вардар со 19 бодови е на шестото место. Во следното коло Академија Пандев на домашен терен ќе игра против Ренова, додека Вардар има тешко гостување во Кратово кај Силекс.
14. коло ќе биде комплетирано утре, а истото стартува во 13:00 часот.
Comments are closed.