Струмица Жени во Тетово против Бами Кор

Одбојкарките на Струмица Жени во 7. коло од Првата одбојкарска женска лига ќе имаат лесно гостување во Тетово, каде ќе се соочат со „фенерџијата“ Бами Кор. Струмичките одбојкарки во досегашниот тек од сезоната запишаа 3 победи и два порази и со вкупно 10 бодови се наоѓаат на третото место на табелата, додека Бами Кор е „забетониран“ на последното место на табелата како екипа која се’ уште нема освоено бодови.

ОК Струмица Жени, екипа 3. коло ПЖОЛ

Прв судија на мечот во Тетово ќе биде Серафимовски Предраг, додека за втор судија е делегиран Јосифовски Драган. Делегат на натпреварот ќе биде Ристоски Љупчо. Мечот ќе стартува во 12:30 часот и ќе биде одигран во ОУ „Гоце Делчево“ во Тетово, без присуство на публика согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.