Струмица гостува во Кавадарци кај Про Баскет

Кошаркарките на Струмица утре гостуваат во Кавадарци, каде во меч од 5. коло од Втората кошаркарска лига – Исток, ќе ги одмерат силите со екипата на Про Баскет.

Интересен и изедначен натпревар кој ќе биде важен за двете екипи, во борбата за место погоре на табелата. Струмица во досегашниот тек од сезоната запиша една победа и три порази и со вкупно 5 бодови е на петото место на табелата. Екипата од Кавадарци има една победа и два порази, но и натпревар помалку, со вкупно 4 освоени бодови се наоѓа на осмото место на табелата.

АРХИВА

АРХИВАмица

Судии на натпреварот ќе бидат Крстевски В., Митрески Н. и Ангелов В. додека за делегат е делегиран Донев С. Мечот се игра во „Партизан“ во Кавадарци, со почеток во 13:30 часот без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.