Ролинг гостува кај МКК Куманово

Кошаркарите на струмички Ролинг утре ќе гостуваат во Куманово, каде во натпревар од 5. коло од Втората кошаркарска лига – Исток, ќе ги одмерат силите со МКК Куманово.

КК Куманово 2 - КК Ролинг 08, 1. коло Втора кошаркарска лига - Исток, во Куманово

Во досегашниот тек од сезоната Ролинг има забележано четири последователни порази, односно се’ уште нема запишано победа, и со 4 бодови се наоѓна на деветото место на табелата. МКК Куманово во досегашниот тек од сезоната има одиграни еден натпревар, додека останатите три натпревари се одложени. Кумановци во првото коло загуби од Борец Баскет и со еден бод е последен на табелата, но има три натпревари помалку одиграни.

Судии на овој меч ќе бидат Давидов А., Петровски Д. и Богески М. За делегат на натпреварот е делегиран Терзиевски С. Натпреварот се игра во „Перо Наков“ во Куманово, со почеток од 13:30 часот и ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.