Наковски Волеј на домашен терен против Фит Фан Волеј

Одбојкарките на Наковски Волеј на домашен терен во Струмица ќе ги одмерат силите со Фит Фан Волеј, во меч од 7. коло од Првата одбојкарска женска лига. Дерби-дуел важен и за двете екипи со цел да задржат чекор со водечкиот тим на Вардар Жени. Струмичките одбојкарки со 10 бодови се наоѓаат на второт место на табелата и имаат 5 бода негатива во однос на лидерот Вардар Жени, додека Фит Фан Волеј со девет бодови е на третото место на табелата.

ОК Наковски Волеј

Прв судија на натпреварот кој се игра во ОЗУ „Димитар Влахов“ во Струмица ќе биде Трајков Иван, додека втор судија Ричлиев Филип. Делегат на натпреварот ќе биде Атанасов Трајче. Натпреварот се игра во сабота и ќе започне во 19:30 часот без присуство на публика, согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.