Македонија Макс гостува кај Универзитет во Тетово

Во недела одбојкарките на Македонија Макс ќе гостуваат кај екипата на Универзитет во Тетово во Тетово, во меч од 7. коло од Првата одбојкарска женска лига. Во досегашнот тек од сезоната струмичките одбојкарки се’ уште немаат забележано победа, со еден бод се наоѓаат на последното место на табелата, додека екипата од Тетово е на четвртото место со 8 бодови. Домаќините на овој натпревар влегуваат како апсолутни фаворити за победа.

Македонија Макс - Наковски Волеј, 1. коло ПОЖЛ

Прв судија на натпреварот ќе биде Спасовски Далибор, додека за втор е делегиран Јосифовски Драган. Делегант на натпреварот ќе биде Ристоски Љупчо. Мечот се игра во СС „Млади“- Универзитет Тетово со почеток во 18:00 часот, без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.

 

Comments are closed.