Дерби-пресметка меѓу Џио Струмица и Универзитет во Тетово

Во сабота се игра големата дерби-пресметка меѓу лидерот на табелата Универзитет во Тетово и второпласираниот Џио од Струмица, во меч од 8. коло од Првата одбојкарска машка лига. Двете екипи со максимални 21 бод ја делат лидерската позиција на табелата.

Џио Струмица - Шкендија во Струмица 3.коло ПОМЛ

Натпреварот во СС „Парк“ во Струмица ќе биде дерби на колото, во кое ќе се води битка за првото место. Прв судија на натпреварот ќе биде Саздовски Никола, додека за втор судија е делегиран Христов Јосип. Делегат на натрепварот ќе биде Карановиќ Зоран.

Натпреварот ќе започне во 18:00 часот и ќе биде одигран без публика, согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.