Астраион утре гостува во Струга

Ракометарите на Астраион утре гостуваа во Струга, каде ќе ги одмерат силите со екипата на Струга, во меч од 10. коло од Групата А од Суперлигата. За струмичките ракометари оваа ќе биде тешко гостување, со оглед на тоа дека Струга е фаворит на овој натпревар, поради домашниот терен и подобрата екипа. Во првиот меѓусебен дуел одигра во Струмица, стружани со 28:30 запишаа победа над Астраион.

Астраион - Струга, 3. коло Суперлига

Астраион е на последното место на табелата во Групата А со 3 освоени бодови, и ги теоретски е без шанси за плеј-оф, додека Струга со три победи, едно реми и два порази се наоѓа на четвртото место со 10 освоени бодови.

Мотивот кај стружани за победа е голем, бидејќи доколку утре слават над гостите од Струмица, остануваат во чекор со Голден Арт КЛ7 за третото место кое води во плеј-оф и сигурен опстанок во Суперлигата.

Судиска двојка на овој меч ќе биде Методија Илиевски и Михајло Илиевски од Битола. За делегат на натпреварот е делегиран Славчо Калановски од Струга. Мечот се игра во „Нико Нестор“ со почеток од 13:00 часот, без присуство на публика согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.