Ѓоргиев Крумислав ќе ја дели правдата меѓу Вардар и Академија Пандев

Саботниот дуел од 13. коло од Првата лига меѓу Вардар и Академија Пандев на „Тодор Проески“ во Скопје ќе го суди Ѓоргиев Крумислав од Штип. Негови помошниџи ќе бидат Караколев Никола и Џонов Кристијан, исто така од Штип. За четврт судија на мечот е делегиран Тефику Ндерим од Куманово. Делегат на натпреварот ќе биде Ангелевски Благојче од Битола, додека за контролор на мечот е делегиран Милпшевски Душко од Скопје.

Судија 1

Мечот се игра со почеток од 13:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.