Хоризонт Турново гостува во Василево

Екипата на Хоризонт Турново во недела ќе гостува во Василево, каде во меч од 8. коло од Третата лига – Исток ќе ги одмери силите со „фенерџијата“ Василево. Турновци влегуваат како апсолутни фаворит за победа, против разнишаниот Василево, кој сезонава игра катастрофална и се соочува со голем резултатска криза, од која тешко дека ќе може да изнајде решение за дуелот со Турново.

Хоризонт Турново - Карбинци, 4.коло ТМФЛ Исток

Турново се наоѓа на седмото место на табелата со 10 бодови, што е далеку од очекуваното за оваа екипа, додека Василево е единствената екипа во лигата која се’ уште нема освоено бодови и истата е „забетонриана“ на последното место на табелата.

Мечот ќе стартува со 13:00 часот и ќе биде одигран без публика поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.