Тиверија на тежок дуел со Детонит

Тиверија во недела ја очекува тежок дуел со радовишки Детонит, во меч од 8. коло од Третата лига – Исток. Тиверија се’ уште не може да излезе од резултатската криза и по 7 одиграни натпревари, екипата има две победи и пет тешки порази, со вкупно 6 бодови се наоѓа на деветото место на табелата. Радовишани влегуваат како фаворит, а на овој дуел мотивот за победа кај нив е голем со оглед на фактот дека имаат два победа негатива во однос на лидерот Малеш.

Тиверија - Раклиш, 2. коло ТМФЛ - Исток

Натпреватот се игра на Општинско фудбалско игралиште во Струмица со почеток од 13:00 часот, без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.