Спартмани на дуел со лидерот Малеш во Градско Балдовци

Екипата на Спартмани во 8. коло од Третата лига – Исток ја очекува тежок дуел на домашниот терен во Градско Балдовци против лидерот Малеш. Дуел важен за двете екипи со поголем мотив кај гостите од Берово за седма сезонска победа.

Хоризонт Турново - Спартмани, 2. коло ТМФЛ - Исток

Спартмани во досегашниот тек од сезоната бележи четири победи, реми и два порази, со квупно 13 бодови е на петото место на табелата, додека Малеш со шест победи и еден пораз е лидер на табелата со 18 бодови. Малеш ќе биде благ фаворит на „незгодниот“ терен во Градско Балдовци, но, останува да видиме дали ќе има сили да ја оправда истата.

Мечот се игра со почеток од 13:00 часот и истиот ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.