Бартон Јосип ќе биде главен судија на мечот во Струмица меѓу домаќинот Беласица и Работнички, во рамки на 13. коло од Првата македонска фудбалска лига. Помошници на Бартон ќе бидат Маркоски Слаѓан од Гостивар и Емурли Иса од с. Шемшово. За четврт судија е делегиран Иванов Игор од Велес. Делегат на мечот ќе биде Ибиши Сулејман од Тетово, додека за контролор е одреден Карајанов Ѓорги од Гевгелија.
Натпреварот кој се игра на „Благој Истатов“ во Струмица, ќе стартува во 13:00 часот и ќе биде одигран без присутво на публика согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.
Comments are closed.