Астраион загуби од фаворитот Пролет

Ракометари на Астраион загубија од Тинекс Пролет со 24:31 во Струмица, во меч од 9. коло од Групата А од Суперлигата. Гостите од Скопје беа фаворити на овој натпревар и без многу мака запишаа нова победа. Домаќините даваа отпор на почетокот од натпреварот, но потоа избраниците на Матлиески почнаа да ја зголемуват разликата во нивна полза. Резултат на полувреме беше 11:14, а веќе во вториот дел Пролет преку Палевски кој се разигра постепено се одлепуваше.

Астраион - Тинекс Пролет, 9. коло Група А Суперлига

Најдобар стрелец кај Пролет беше Давор Палески кој постигна 11 гола, додека кај Астраион најдобар беше Караиванов со 11 погодоци.

Во следното коло Астраион ќе има тешко гостување во Струга против истоимената екипа, додека Пролет на домашен терен ќе го пречека Голден Арт КЛ7.

Comments are closed.