Академија Пандев на тешко гостување кај Вардар

Екипата на Академија Пандев во сабота ќе гостува на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде во меч од 13. коло од Првата лига ќе се судри со Вардар. За „пандевци“ оваа ќе биде тешко гостување, а мотив за победа ќе има и кај двете екипи. Академија Пандев со 10 бодови е на десетото место на табелата, со евентуална победа има можност да направи скок на табелата, а мотивот е одмаздата за поразот во Струмица, кога Вардар со гол од пенал славеше минимални 0:1. Во рамки на Купот, Академија Пандев го исфрли Вардар со минимална победа од 1:0 во Струмица.

Академија Пандев - Вардар, Куп 8финале

Вардар постепено влегува во игра, на последните пет натпревари има три ремија еден пораз, а во последното коло запиша победа од 0:2 над Борец и стана првиот тим што успеал да слави во Велес сезонава. Токму тоа е мотивот кај вардарци за нова победа и нови три бода, кој ќе го „подигнат“ Вардар на табелата.

Натпреварот ќе стартува во 13:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.