Беласица немаше сили за Македонија ЃП, „лавовите“ обезбедија полуфинале

Македонија Ѓ.П. ја оправда фаворитската улога и на „Благој Истатов“ во Струмица лесно се справи со Беласица, откако со 1:4 се пласира во полуфиналето од Купот на Македонија. „Лавовите“ беа далеку подобар противникот во текот на целиот натпревар и можеа да запишат уште поубедлива победа.

Беласица - Македонија ЃП 1-4 финале КУП

Адеми во 11. минута од натпреварот промаши пенал, но потоа во 39. минута ја затресе противничката мрежа за 0:1. Радоста на гостите од Скопје кратко траеше, откако Каланоски во 42. минута погоди за 1:1, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел „лавовите“ одиграа фантастично, и постигнаа три погодоци, најпрво преку Андерсон Сантос Барбоса во 58. минута, во 78. минута погоди повторно Адеми, а конечниот резултат го постави Калид кој погоди во 86. минута за 1:4.

Покрај Македонија Ѓ.П. во полуфинале патуваат и Академија Пандев, Струга Трим Лум и Силекс.

Comments are closed.