Астраион на домашен терен против фаворитот Пролет

Ракометарите на Астраион утре ги очекува тежок натпревар против големиот фаворит Тинекс Пролет, во натпревар од 9. коло од Групата А од Суперлигата. Младиот состав на Астарион е последен на табелата со една победа и три бодови, додека Пролет е втор на табелата со 12 бодови.

Астраион - Струга, 3. коло Суперлига

Во утрешниот напревар кој се игра во „Парк“ во Струмица, гостите од Скопје влегуваат како апсолутни фаворити, пред се поради далеку поквалитетниот тим и искуството кој го има овој стабилен суперлигаш. Астраион со млади играчи како дебитат во Суперлигата одигра одлични натпревари, особено против Струга каде немаше сили за победа и загуби со 28:30 и натпреварот во Радовиш во неделата, каде имаше одлично прво полувреме и водство, додека во вториот дел, радовишани со искуство и со одличните Илиев и Постолов одиграа фантастично второ полувреме.

Судиска двојка на овој натпревар ќе биде Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола, делегат на натпреварот ќе биде Васил Чавдаров од Богданци. Натпреварот ќе стартува во 20:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.