Струмица го надигра Куманово 2

Кошаркарите на Струмица одиграа одличен натпревар и запишаа победа над втората екипа на Куманово со 64:80 на гостински терен, во натпревар од 3. коло од Втората кошаркарска лига – Исток. За екипата на Струмица оваа е прва сезонска победа и со вкупно 4 бодови се наоѓаат на четврто место на табелата.

АРХИВА

АРХИВА

Во следното коло Струмица на домашен терен ќе има тешка задача со лидерот на табелата, екипа на Борец Баскет од Велес, додека Куманово 2 ќе гостува кај второпласираниот тим на Ангели.

Comments are closed.