Младиот состав на струмички КК Ролинг претрпе тежок пораз од KK Про Баскет во Кавадарци со 101:67, во меч од 3. коло од Втората кошаркарска лига – Исток. Ролинг се уште нема запишано сезонска победа, со три бодови е на седмо место на табелата, додека екипата на Про Баскет со три бодови е на осмото место, но со меч помалку.
Во следното, 4. коло екипата на Ролинг во Струмица ќе биде домаќин на Шкупи, додека Про Баскет ќе гостува во Струмица кај КК Струмица.
Comments are closed.