Пандевци на домашен терен против Шкупи во 1/4 финале од Купот

Во среда се играат натпреварите од четвртфиналето од Купот на Македонија. Академија Пандев на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица ќе ги одмери силите против екипата на Шкупи. Пандевци ќе имаат тешка задача против амбициозниот Шкупи, кој во ПМФЛ игра одлична сезона.

Спортски центар Пандев - АРХИВА

Спортски центар Пандев – АРХИВА

Главен судија на мечот ќе биде Ецкоски Марјан од Охрид, додека негови помошници ќе бидат Мацевски Ацо и Грданоски Симон од Струга. За четврт судија на натпреварот делегиран е Мантев Петар од Неготино. Делегат на натпреварот ќе биде Насевски Антонио од Кратово, додека Јакимовски Делчо од Скопје ќе биде контролор.

Натпреварот ќе стартува во 13:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.