Беласица против Македонија ЃП во 1/4 финале од Купот

Беласица на „Благој Истатов“ во Струмица ќе се соочи со расположената екипа на Македонија Ѓ.П. во четвртфиналето од Купот на Македонија. Интересен и неизвесне дуел. Беласица по тренерската смена тргна во нагорна линија и во ПМФЛ има две врзани победи, додека Македонија Ѓ.П. игра фантастична сезона и се наоѓаат на второто место на табелата, со бод помалку од лидерот Шкендија.

Беласица - Ренова, 8. коло ПМФЛ

Беласица на своја страна го има домашниот терен, „лавовите“ го имаат искуството и воиграноста, но, мотив за победа има и кај двете екипи, пред се од фактот што се игра само еден натпревар со директно изведување на пенали во случај на нерешен резултат.

Качевски Јован од Струга ќе биде главен судија на овој меч, а негови помошници ќе бида Бакрачески Рамзе од Струга и Трпчевски Драна од Кавадарци. За чеврт судија одреден е Смоквоски Кирил од Прилеп. Делегат на натпреварот ќе биде Далипи Џевдет од Кичево, додека Манасиев Горан од Велес контролот на натпреварот. Мечот ќе стартува во 13:00 часот и ќе биде одиран без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.