Тиверија декласирана во Свети Николе од Овче Поле

Екипата на Тиверија денес претрпе тежок пораз во Свети Николе со 5:1 од Овче Поле, во натпревар од 7. коло од Третата лига – Исток. Тиверија сезонава игра очајно и никако не може да излезе од резултатската криза. На 7 одиграни натпревари, струмичани бележа две победи и пет порази, со вкупно 6 бодови се наоѓаат на деветото место. Овче Поле со 12 бодови е на шестото место.

Овче Поле - Тиверија, 7. коло ТМФЛ - Исток

Во следното коло Тиверија на домашен терен ќе има „тежок испит“ со Детонит, додека Овче Поле ќе гостува во Лозово кај Работник Џумајлија.

Comments are closed.

Web