Беласица со победа над Силекс во Кратово

Беласица ја продолжува победничката серија, откако во Кратово со 0:1 славеше над фаворитот Силекс, во меч од 12. коло од Првата македонска фудбалска лига. Антонио Каланоски беше стрелец на единствениот гол.

Силекс - Беласица 12. коло ПМФЛ 3

Струмичани со победата остануваат на последното место на табелата, но со ист број на бодови како и Ренова, која е претпоследна. Силекс влезе во резултатска криза, на последните три натпревари нема запишано победа, со 14 бодови „падна“ на седмото место на табелата.

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра против „бледиот“ Работнички, додека Силекс оди на поправен во Битола против Пелистер.

Comments are closed.