Џио Струмица подобар од Вардар

Одбојкарите на Џио Струмица го добија дуелот со Вардар во „Кале“ со резултат од 1:3 во сетови, во меч од 7. коло од Првата одбојкарска лига. Џио првиот сет го доби со 22:25, додека вториот со 18:25. Во третиот сет со 25:18 им припадна на домаќините, а во четврти Џио со 20:25 ја запиша седмата сезонска победа.Вардар - Џио Струмица

 

Струмичани по 7. одиграни кола се лидери на табелата со максимални 21 бод, исто колку што има и Универзитет во Тетово кој е втор на табелата. На дното од табелата останува Дибра Волеј како единствена екипа која се уште нема освоено бодови.

Comments are closed.

Web