Струмица Жени со убедлива победа над Ускана

Одбојкарките на Струмица Жени запишаа нова сезонска победа, откако на домашен терен со 3:0 во сетови беа подобри од Ускана, во меч од 6. коло од Првата женска одбојкарска лига. Во првиот сет струмичките одбојкарки покажаа убедлива доминација со 25:10, во вториот гостите пружија отпор, но, истиот им припадна на домаќините со 25:20. Третиот сет заврши со 25:14 за трета сезонска победа.

ОК Струмица Жени, екипа 3. коло ПЖОЛ

Струмица Жени со 10 освоени бодови се наоѓа на третото место на табелата, додека Ускана со 3 бодови е на претпоследното, шесто место на табелата во Групата Б.

Comments are closed.