Наковски Волеј со победа над УГД Студент – Жени во Штип

Одбојарките на Наковски Волеј запишаа нова сезонска победа, откако на гостување во Штип со 1:3 во сетови беа подобри од УГД Студент – Жени, во натпревар од 6. коло од Првата женска одбојкарска лига. Одличен натпревар во кој струмичките одбојкарки уште еднаш го покажаа нивните квалитет. Првиот сет струмичанки го добија со 22:25, додека вториот сет со 25:16 му припадна на домаќините. Во третиот сет Наковски Волеј покажа моќ и со 15:25 беше подобар, додека во четвртиот со 14:25.

Македонија Макс - Наковски Волеј, одбојка

Наковски Волеј е втор на табелата со 10 освоени бодови, додека УГД Студент – Жени со два бодови е на претпоследното шесто место.

Comments are closed.

Web