Џио Струмица утре во „Кале“ против Вардар

Одбојкарите на Џио Струмица утре гостуваат во Скопје, каде во „Кале“ ќе играат дерби натпревар со Вардар, во рамки на 7. коло од Првата одбојкарска лига. Џио Струмица по 6. одиграни кола е лидер на табелата со максимални 18 бодови и без загубен сет, додека Вардар со 15 бодови е на третото место на табелата.

АРХИВА

АРХИВА

Прв судија на мечот ќе биде Амбарков Орданче, додека втор судија Жабев Зоран. За делегат на натпреварот делегирана е Никчевиќ Сања.

Натпреварот се игра СРЦ „Кале“ со почеток од 12:00 часот и ќе биде одигран без публика, поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.