Струмица Жени домаќин на Ускана

Одбојкарките на Струмица Жени утре во „Парк“ во Струмица ќе ги одмерат силите со Ускана во рамки на 6. коло од Првата женска одбојкарска лига. Во досегашниот тек од сезоната Струмица Жени бележи две победи и два порази и со вкупно 7 бодови е на третото место на табелта, додека Ускана со една победа и три порази се наоѓа на шестото место на табелата со 3 освоени бодови.

Пелистер Волеј - Струмица жени, 3. коло ПЖОЛ

Прв судија на натпреварот ќе биде Ричлиев Филип, додека за втор судија е делегиран Трајков Иван. За делегат на натпреварот одреден е Атанасов Трајче.

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика согласно мерките и препораките за Ковид-19.

Comments are closed.

Web