Македонија Макс против Јанта Волеј Форца

Одбојкарките на Македонија Макс во вторник на домашен терен ќе се соочат со екипата на Јанта Волеј Форца, во рамки на 6. коло од Првата женска одбојкарска лига. Струмичките одбојкарки во досегашниот тек од сезоната се уште немаат запишано победа, и со 1 освоен бод се наоѓаат на последното место во групата А, додека Јанта Волеј Форца со две победи и три порази се наоѓа на петото место на табелата со 6 бодови.

Македонија Макс - Наковски Волеј, 1. коло ПОЖЛ

За прв судија на мечот делегиран е Петров Влатко, додека за втор судија Маџаров Ѓоше. Делегат на натпреварот ќе биде Атанасов Трајче. Натпреварот ќе се игра во „Видое Подгорец“ во Струмица, со почеток од 17:00 часот.

Comments are closed.