Астраион во недела гостува во Радовиш

Ракометарите на Астраион во недела гостуваат во Радовиш, каде во рамки на 8. коло од Групата А од Суперлигата ќе ги одмерат силите со истоимената екипа. Во 1. коло Астраион на домашен терен славеше над Радовиш во Струмица. Во досегашниот тек од сезоната, струмичкиот прволигаш запиша остана само на победата од првото коло и со три бодови е на последното 7. место во групата, додека Радовиш со две победи и 6 освоени бодови е на петото место во групата.

Астраион - Струга, 3. коло Суперлига

Судиска двојка за овој меч се Методија Илиевски и Михајло Илиевски од Битола, додека за делегат е делегиран Васил Чавдаров од Богданци. Натпреварот се игра во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш со почеток од 18:30 часот и ќе биде одигран без присуство на публика, поради мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.

Web