Тиверија против Шкупи во Скопје

ЖФК Тиверија Струмица во сабота ќе гостува во Бутел, Скопје каде ќе ги одмери силите со Шкупи, во наттпревар од 15. коло од Првата женска фудбалска лига. Тиверија на овој натпревар влегува како фаворит за нова победа иако гостува. Во досегашниот тек од сезоната Тиверија бележи десет победи, две ремија и еден пораз и со вкупно 32 освоени бодови се наоѓа на третото место на табелата. Шкупи во досегашниот тек од првенство успеа да запише три победи, две ремија и вкупно осум порази, па со 11 бодови се наоѓа на единаесетото место на табелата.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Скопје 2014 - 1. коло

Главен судија на овој натпревар ќе биде Рајчевска Ангела од Скопје, додека нејзини помошници ќе бидат Петковска Бети од Куманово и Ивановска Татјана исто така од Куманово. Натпреварот се игра со почеток од 13:00 часот и ќе биде одигра на стадионот во Бутел, без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.