Стојановски ќе ја дели правдата меѓу Силекс и Беласица

Беласица во недела ќе гостува во Кратово, каде ќе ги одмери силите со Силекс во рамки на 12. коло од Првата македонска фудбалска лига. Главен судија на овој меч ќе биде Стојановски Марјан од Кичево, додека негови помошници ќе бидат Лика Куштрим од Кичево и Маркоски Слаѓан од Гостивар. За четврт судија на натперварот одреден е Тефику Ндерим од Куманово. За делегат на натпреварот делегиран е Пластиновски Роберт од Ресен, додека за контролот Даниловски Крсте од Скопје.

Судија 2

Средбата ќе стартува во 13:00 часот и ќе биде одиграна без публика поради пандемијата со Ковид-19, а истата ќе може да се гледа во живо на ТВ платформата на ФФМ.

Comments are closed.

Web