Беласица на тешко гостување во Кратово

Беласица во недела ќе има тешко гостување во Кратово, каде ќе ги одмеси силите со Силекс во рамки на 12. коло од Првата македонска фудбалска лига. Беласица игра лоша сезона откако се врати во ПМФЛ, струмичките фудбалери долго ќе го паметат тој тежок пораз од Силекс во 1. коло, кога кратовци со 0:6 ја декласираа Беласица.

Беласица - Силекс - 1. коло ПМФЛ во Струмица 2

Беласица направи и тренерска смена која донесе 5 бодови, односно запишаа една сезонска победа во Градското дерби со Академија Пандев, и два пати испуштија победа и мораше да се задоволи со бод. Со вкупно 5 освоени бодови, Беласица е последна на табелата, додека Силекс кој влезе во резултатска криза со 14 бодови е на шестото место на табелата.

Двете екипи влегуваат во „битка“ за победа и три бода, Силекс ќе игра под притисок да го задржи чекорот за топ три и излез во Европа, а домашниот терен го имаат на нивна страна, додека Беласица ќе биде под притисок за победа и три бода, со цел да остане во игра за некое место погоре и можност за опстанок во елитата.

Натпреварот се игра со почеток од 13:00 часот на Градскиот стадион во Кратово, кој ќе биде одигран без публика поради пандемијата со Ковид-19.

 

Comments are closed.

Web