Бартон Јосип ќе ја дели правдата меѓу Академија Пандев и Пелистер

Академија Пандев во недела на Спортскиот центар „Пандев“ ќе го пречека Пелистер во рамки на 12. коло од Првата македонска фудбалска лига. Бартон Јосип ќе ја дели правдата на овој меч, а негови помошници ќе бидат Емурли Иса од с. Шемшово и Ѓорѓески Александар од Тетово. За четврт судија на натпреварот е одреден Идризи Фуркан од Тетово. Делегат на натпреварот е Блажовски Драган од Скопје, додека за контролот е одреден Коцев Ванчо од Штип.

Судија 1

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот и истиот ќе биде одигран пред празни трибини, поради пандемијата со Ковид-19. Мечот ќе може во живо да се следи на ТВ платформата на ФФМ.

Comments are closed.