Академија Пандев против Пелистер

Академија Пандев во недела на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица ќе ги одмери силите со Пелистер од Битола, во рамки на 12. коло од Првата македонска фудбалска лига. „Пандевци“ влегуваат под притисок за победа и излез од резултатската криза, а домашниот терен ќе го искористат за победа и „одмазда“ на овој пораз од 1. коло кога Академија Пандев загуби во Битола со минимални 1:0.

Спортски центар Пандев - АРХИВА

Спортски центар Пандев – АРХИВА

Пелистер, исто така, не знае за победа, на последните 5 натпревари има два пораз и три ремија и со вкупно 12 бодови е на деветтото место на табелата, што исто така кажува на одреден притисок и кај гостите од Битола за победа.

Натпреварот ќе стартува во 13:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.

Web