Хоризонт Турново на дерби-пресметка со Детонит во Радовиш

Хоризонт Турново во недела ќе тешко гостување во Радовиш, каде ќе ги одмери силите со второпласираниот Детонит, во рамки на 7. коло од Третата лига – Исток. Двете екипи влегуваат максимално подготвени во оваа дерби-пресметка. Победата и трите бодови се важни за двете екипи, кои имаат амбиции за промоција во Втората лига – Исток.

Раклиш - Хоризонт Турново, 2. коло ТМФЛ - Исток

По 6. одиграни кола Хоризонт бележи три победи и три порази, со вкупно 9 бодови се наоѓа на седмата позиција на табелата, што ги носи „турновци“ кон резултатска криза. Детонит со 15 бодови е втор на табелата, а во досегашниот тек од сезоната, радовишани имаат пет победи и еден пораз.

Дерби-пресметката се игра на Градскиот стадион во Радовиш со почеток од 13:00 часот и без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.

Web