Тиверија на тешко гостување во Свети Николе кај Овче Поле

Тиверија во недела ќе има тешко гостување во Свети Николе, каде во рамки на 7. коло од Третата лига – Исток ќе ги одмери силите со Овче Поле. Тиверија мака мачи да излези од резултатската криза, бидејќи по 6. одиграни кола, струмичките фудбалери бележат само две победи и четири порази и со вкупно 6 бодови се на деветтото место на табелата.

Тиверија - Раклиш, 2. коло ТМФЛ - Исток

Овче Поле кој важи за еден од кандидатите за влез во ВМФЛ – Исток, го губи „ритамот“ со водечките Малеш и Детонит, па затоа победа ќе биде нивна единствена цел во недела. Клубот од Свети Николе има три победи и три порази и со вкупно 9 бодови е на шестото место на табелата.

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.

Web