Спартмани против „фенерџијата“ Василево

Спартмани во недела во Градско Балдовци го чека „фенерџијата“ Василево во рамки на 7. коло од Третата лига – Исток. Домаќините на овој натпревар се апсолутни фаворити за нова сезонска победа, четврта на број.

Хоризонт Турново - Спартмани, 2. коло ТМФЛ - Исток

Спартмани во досегашниот тек од сезоната бележи три победи, реми и два порази, со вкупно 10 бодови е на петтото место на табелата, додека Василево е закован на дното од табелата без бодови.

Натпреварот кој се игра во Градско Балдовци ќе стартува во 13:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.