КК Струмица загуби од КК Ангели

Кошаркарите на Струмица запишаа пораз и во 2. коло од Втората лига – Исток, откако на домашен терен беа поразени од КК Ангели со 46:67.

АРХИВА

АРХИВА

Струмичките кошаркарки на стартот од новата сезона запишаа два порази и се наоѓаат на шесттото место на табелата со два освоени бодови, додека Ангели е на второто место со 4 бодови, колку што има и лидерот Борец Баскет од Велес.

Во следното 3. коло, Струмица ќе гостува во Куманово, каде ќе ги одмери силите со втората екипа на Куманово, која во моментот има одиграно еден натпревар, оној од 1. коло каде запиша убедлива победа од 96:68 над струмички Ролинг 08.

Comments are closed.