ЖФК Тиверија домаќин на ЖФК Љуботен

Екипата на ЖФК Тиверија Струмица во среда ќе биде домаќин на ЖФК Љуботен од Тетово, во натпревар од 14. коло од Првата женска фудбалска лига. Тиверија игра одлична сезона и по 13. одиграни кола се наоѓа на четвртото место и има негатива од само 4 бодови од лидерот и актуелн шампион Каменица Саса, додека Љуботен е дессети на табелата со 15 освоени бодови.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Скопје 2014 - 1. коло

Фудбалерките на Тиверија на овој натревар влегуваат како големи фаворити за победа, во натпревар кој ќе се игра на Општинското фудбалско игралиште со почеток од 12:00 часот. Натпреварот ќе биде одигра без публика поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.

Web