Џио Струмица го преслуша УГД Штип

Одбојкарите на Џио Струмица запишаа нова сезонска победа, откако вчера во „Парк“ во Струмица со 3:0 во сетови го преслушаа УГД Штип, во натпревар од 6. коло од Првата одбојкарска машка лига. Џио имаше доминација во текот на целиот натпревар, во сите сетови. Првиот сет заврши со 25:14, вториот со 25:18, додека третиот сет со резултат од 25:15 во полза на струмичките одбојкари.

Џио Струмица - Шкендија во Струмица 3.коло ПОМЛ

Џио Струмица е лидер на табелата со 18 освоени бодови и без загубен сет, додека УГД Штип е на шесттото место на табелата со 9 бодови.

 

Comments are closed.