Тиверија загуби од Брегалница Делчево

Екипата на Тиверија загуби на домашен терен со 2:3 од Брегалница од Делчево, во натпревар од 6. коло од Третата лига – Исток. Неизвесен и возбудлив натпревар, во кој и двете екипи до последна минута се бореа за победа. Гостите од Делчево беа максимално мотивирани за победа, бидејќи нивна прва цел е прво место и пласман во Втората лига – Исток. Домаќините немаа сили за израмување и го запишаа четвртиот сезонски пораз.

Тиверија - Раклиш, 2. коло ТМФЛ - Исток

Тиверија е деветта на табелата со 6 освоени бодови, додека Брегалница од Делчево е четврта со 13 бодови. Во следното коло Тиверија ќе има тешко гостување во Свети Николе кај Овче Поле, додека Брегалница во Делчево ќе има лесна задача со Работник Џумајлија од Лозово.

Comments are closed.