Семејството Заеви донираше амбулантно возило и опрема за струмичката болница

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска беа во работна посета на ЈЗУ Општа болница – Струмица, каде заедно со директорот на болницата, Наќе Гогов, извршија увид на новото крило на болницата кое е опремено и наскоро ќе може да почне со работа.Capture

 

Како што истакна премиерот Заев, новото крило на Струмичката болница ќе се докомплетира со средствата од Светска Банка, наменети за оваа и за болниците во Тетово и Охрид.

 

Во рамки на посетата премиерот Заев реализираше донација од своето семејство – амбулантно возило.

„Ова е време кога секој треба да помага како и колку може. Семејството Заеви и јас како струмичанец веќе дониравме опрема за потребите на оваа болница, а денес донираме и амбулантно возило. Се надевам дека ќе им треба на што помалку луѓе, но тогаш кога ќе треба да носи здравје и среќа. Новото крило на болницата сега ќе биде ставено во функција на борбата со КОВИД-19″, рече премиерот Заев.

 

Министерот Филипче се осврна на важноста од инвестирањето во оваа болница како центар за лекување во целиот струмички регион.

Comments are closed.