Охрид го декласираше Астраион

Ракометарите на Астраион претрпеа тежок пораз на гостувањето во Охрид, од екипата на Охрид, со резултат од 34:19. Лошо и бледо издание на струмичките ракометари, кој не можеа ниту на момент да му парират на фаворитот Охрид.

Охрид - Астраион 15.11.2020

Најдобар стрелец кај домаќините беше Тасески Иван со 6 гола, кај гостите од Струмица најдобри беа Караиванов Митко и Јанковски Славе со по 5 погодоци. Астраион останува на една победа и три бода, додека Охрид има пет од пет и максимални 15 бодови во Групата А од Суперлигата.

 

Comments are closed.

Web