Виктори Волеј загуби во Струмица од ЈВ Кисела Вода

Одбојкарките на Виктори Волеј загубија од ЈВ Кисела Вода со 0:3 во сетови во КГС „Партизан“ во Струмица, во натпревар од 5. коло од Првата женска одбојкарска лига. Струмичките одбојкарки првиот сет го загубија со 15:25, додека вториот со резултат од 19:25. Во третиот сет струмичанки пружија најголем отпор, но, и овој сет го загубија со резултат од 22:25.

АРХИВА

АРХИВА

Виктори Волеј со 6 бодови се наоѓа не петтото место на табелата, додека клубот од Скопје е втор на табелата со 11 бодови, еден помалку од лидерот Работнички.

Comments are closed.